СЈО СО ИСТРАГА ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    СЈО СО ИСТРАГА ЗА УРИВАЊЕТО НА „КОСМОС“

    Специјалното обвинителство отвори предмет со име „ТНТ“ за уривањето на објектот Космос на Фиат Цановски лидерот на ПЕИ, затоа што имал друга политичка определба.

    Првоосомничена е инспекторка на општина Гази Баба, која по налог на градоначалникот донела решение со кое се овозможило уривање на објектот, по налог на градоначалникот на Гази Баба, а на барање на тогашниот премиер Никола Груевски. Тој е осомничен заедно со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, но тие се веќе помилувани од претседателот Ѓорге Иванов.

    На прес конференцијата беше кажано дека уривањето на Космос било сторено како одмазда затоа што Фијат Цановски ја раскинал коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и се приклучил кон СДСМ.

    “Се работи за добро организирана криминална спрега помеѓу централната и локална власт. Тогашниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за транспорт и врски, кои на 12 април 2016 година се помилувани, со заедничка цел – да му се одмздат на оштетниот Фијат Цаноски за неговата одлука со која ПЕИ ја напуштила политичката коалиција со владејачката партија и склучила коалиција со СДСМ, со својата политичка моќ, смислено и со умисла го урнале овој објект. Тие му наложиле на градоначалникот на Општина Гази Баба, исто така помилуван да ја злоупотреби својата положба и да најде начин да го сруши „Космос“. Градоначалникот го прифатил ваквиот налог и ја повикал првоосомничената, градажен инспектор во Општина Гази Баба, и ѝ кажал дека од врвот на партијата му сугерирале да се најде начин да се урне објектот“, објасни Фетаи.

    Таа посочи дека од прибавените материјални докази, обвинителството утврдило дека инспекторката направила записник во кој стои дека објектот на Цаноски е за еден метар и 40 сантиметри повисок од дозволеното. Потоа подготвила и решение за негово уривање.

    Пред да го образложи новиот предмет „ТНТ“, обвинителката Фатиме Фетаи порача: „Сакам да им се обратам на оние кои нечесно ја подриваат работата на СЈО и се закануваат, тоа се лица на кои правдата не им е од интерес и на кукавички начин сакаат да се спасат од неа. Секој ќе го стигне правдата и нема бегање од неа. Правдата е врвен интерес, а не неказнивоста“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари