СКОПЈАНЕЦ ГО ЗАПАЛИЛ БМВ-ТО НА ГАЗДАТА ОТИ МУ ДОЛЖЕЛ ПЛАТИ

    СКОПЈАНЕЦ ГО ЗАПАЛИЛ БМВ-ТО НА ГАЗДАТА ОТИ МУ ДОЛЖЕЛ ПЛАТИЉ.С. (56) кој порано работел во приватната фирма на И.И.(51) со бензин го полеал возилото на газдата марка БМВ, кое било паркирано пред објектот и го запалил.(Фото: СДК.МК)

    Вработен во приватна фирма во Скопје му ја запалил колата на газдата оти му должел плати. Од Министерството за внатрешни работи велат дека вчера во 13.43 часот на булевар Србија, Љ.С. (56) кој порано работел во приватната фирма на И.И.(51) со бензин го полеал возилото на газдата марка БМВ, кое било паркирано пред објектот и го запалил.

    „Причина за палењето според досега пријавеното во МВР се неколку неисплатени плати кон Љ.С. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира