СКОПЈЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ГО ДОБИ ПЕНДАРОВСКИ СО 11.164 ГЛАСОВИ РАЗЛИКА

    СКОПЈЕ ВО ВТОРИОТ КРУГ ГО ДОБИ ПЕНДАРОВСКИ СО 11.164 ГЛАСОВИ РАЗЛИКАПендаровски, според резултатите во десетте скопски општини, освои 11.164 гласови повеќе од Силјановска-Давкова, која во првиот круг имаше предност од 664 гласови. (Фото: СДК.МК)

    Во вториот круг на претседателските избори во Скопје победи кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, за разлика од првиот круг кога повеќе гласови освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова. Пендаровски, според резултатите, во десетте скопски општини освои 11.164 гласови повеќе од Силјановска-Давкова, која во првиот круг имаше предност од 664 гласови.

    СДСМ и коалицијата победија во Карпош, Центар, Бутел, Сарај, Чаир и Шуто Оризари, а ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба.

    Во Сарај Пендаровски освои 8.217 гласови, Силјановска-Давкова 588, во Чаир тој освои 15.503, а таа 3.564 гласови. Во Карпош Пендаровски освои 2.521 гласови повеќе, а во Центар победи со 4.530 гласови разлика. За разлика од првиот изборен круг кога ВМРО-ДПМНЕ победи во Бутел, во вториот круг СДСМ во оваа скопска општина освои 22 гласови повеќе. Пендаровски победи и во Шуто Оризари со плус 1.583 гласови.

    Силјановска-Давкова победи во Ѓорче Петров со 2.264 гласови разлика, во Кисела Вода со 5.546, во Аеродром ВМРО-ДПМНЕ освои 3.342 гласови повеќе, а во Гази Баба победи со плус 5.908 гласови.

    Пендаровски е победник на претседателските избори, откако вчера освои 436.212 (51,66%) гласови во вториот круг, според 100% од преброените избирачки места. Силјановска-Давкова, освои 377.713 (44,73%) гласови. Неважечки ливчиња имаше 30.442 (3,61%).

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира