СЛЕДНАТА ГОДИНА ПЛАТИ ДО 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ НА ЛЕКАРИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    СЛЕДНАТА ГОДИНА ПЛАТИ ДО 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ НА ЛЕКАРИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ„Не ги забораваме и медицинските сестри и средниот персонал кој е составен дел во работата на сите јавни здравствени институции за зголемување и на нивните примања“, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: СДК.МК)

    Одливот на лекари и средномедицински персонал од земјата Министерството за здравство ќе го решава со нови вработувања и нови зголемувања на платите и за лекарите и за медицинските сестри и за средномедицинскиот кадар, кажа министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Тој рече дека во моментов се прават пресметки колку пари ќе бидат потребни за дополнително зголемување на платите во здравството.

    „По зголемување на платите и дежурствата за здравствените работници минатата и оваа година, во овој момент се прават пресметки за тоа колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти, со цел согласно нашите ветувања следната година да стигнат до 100 илјади денари. Не ги забораваме и медицински сестри и средниот персонал кој е составен дел во работата на сите јавни здравствени институции за зголемување и на нивните примања“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари