Од 30 ноември до 6 декември пријавени се 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10,7% во однос на претходната недела на известување, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.
Министерството за здравство вели дека во тој период, тестирани се 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани се 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.244; 19,2%), 40-49 (1.222; 18,9%), 50-59 (1.217; 18,8%) и 20-29 (791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (107; 1,7%) и 10-19 години (243; 3,8%).
По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 83.32, оздравеа 44.705, починаа 1.949, а активни случаи се 21.678.