СМРТТА НА КОСТА КРПАЧ СТАНУВА МИСТЕРИЈА КАКО СМРТТА НА НИКОЛА МЛАДЕНОВ?

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(мЕТА)

    СМРТТА НА КОСТА КРПАЧ СТАНУВА МИСТЕРИЈА КАКО СМРТТА НА НИКОЛА МЛАДЕНОВ?

    Смртта на Коста Крпач останува мистерија иако минаа цели 20 дена откако тој беше пронајден мртов во својот дом во Капиштец, пред кој сè уште стои паркирано комбито во кое тој пукаше, пишува агенцијата „Мета“. Крпач беше еден од 56-те лица аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

    Новинската агенција „Мета“ денеска направи споредба на мистериозната истрага за смртта на Крпач, со мистериозната истрага за сообраќајката на новинарот Никола Младенов во 2013 година. И тогаш, по смртта на новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, за што во јавноста имаше многу контроверзии, на Обвинителството му требаа три месеци за да излезе со резултати од истрагата.

    Никола Младенов загина на 26 март 2013 година, но дури на 10 јули неговата смрт беше прогласена за сообраќајна несреќа.

    Од Основното јавно обвинителство Скопје, кое обдукцискиот наод за смртта на Крпач го доби уште наредниот ден, но побара и дополнителни вештачења и анализи, за „Мета“ изјавиле дека сè уште интензивно работат.

    „Во врска со предметот за кој прашувате, пристигнати се поголем дел од побараните вештачења. Во предметот секојдневно интензивно се преземаат дејства и се работи во насока на расветлување на настанот“, стои во кусиот одговор на Обвинителството на нашите прашања.

    Ова е лаконскиот одговор на прашањата што агенцијата ги поставила околу тоа дали има нови моменти во истрагата, дали се утврдени околностите за смртта на Крпач, завршило ли комплетирањето на наодите од вештачењата, обдукцијата и другите истражни мерки, како и тоа кога може да се очекуваат официјални и конкретни информации за случајот.

    Телото на Крпач беше најдено на 27 април, неколку часа откако тој пукал од својот балкон кон комби паркирано на околу 50 метри од неговата зграда.

    Комбито на фирмата „Мирновец пиротехника“ и денеска, како што утврдил репортер на „Мета“, сè уште стои на истото место, на паркиралиштето на булеварот Митрополит Теодисиј Гологанов. На комбито стојат и полициските маркери од крим-техничкиот увид, кои ги покажуваат дупките од куршумите, кои буквално го продупчиле возилото од двете страни, што говори за моќта на оружјето со кое било пукано.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари