СНЕМА ПЕЛЕТИ ЗА ГРЕЕЊЕ, РАСПРОДАДЕНИ И ОНИЕ КОИ ДОПРВА ТРЕБА ДА СЕ УВЕЗАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СНЕМА ПЕЛЕТИ ЗА ГРЕЕЊЕ, РАСПРОДАДЕНИ И ОНИЕ КОИ ДОПРВА ТРЕБА ДА СЕ УВЕЗАТ

    Пелети за греење нема каде се купат. Иако Владата, Министерството за животна средина и Град Скопје, посебно оваа грејна сезона, ги промовираа како поздрав и поекономичен начин за греење, пелети нема. Вообичаените места на кои се продаваат се празни, а ги нема ниту во магацините.

    Неколкуте фирми увозници на пелети кои ги контактиравме немаат добри вести. 
„Потрошивме се што имавме, никој не очекуваше ниту ваква зима, ниту вака голем интерес за пелети. Правиме и нови нарачки, но увозот оди споро оти има многу формалности. Денес ни стигна еден камион ама се потроши уште во првиот час. Кога ќе ни сигне нова тура не можеме ниту да претпоставиме. Ги увезуваме од Грција”, велат во од една од неколкуте фирми кои увезуваат пелети.

    Луѓето кои оваа зима се грејат на пелети велат дека фаќаат врски за да купат по неколку вреќи, а последниве две недели скокнала и цената.

    „Пред Нова година пелетите, зависно од тоа каде ќе ги купиш, чинеа 200 – 210 денари за вреќа, а сега сите ги продаваат по 250 денари. Избор нема. Магацинот од каде што ги набавуваме веќе има список кому да ги продаде и оние што уште не стигнале. Луѓето се запишуваат за да не останат без греење, не знаеме уште колку ќе држи студов. Кој има печка на пелети не може во неа да стави ништо друго, нема алтернативно гориво”, се пожали еден од новите корисници на печка на пелети.

    На почетокот на оваа грејна сезона, минатата година, Град Скопје исплати субвенции за нови печки на пелети на 196 жители на Скопје. Им покри 70 отсто од трошокот за печката, но не повеќе од 30.000 денари за секој поединечно. За субвенции за печки на пелети Град Скопје потроши 5,8 милиони денари. Субвенцијата ја воведе за да ги стимулира скопјани да почнат да се грејат на пелети како мерка за намалување на загадувањето на воздухот.

    Пелетите како мерка за намалување на загадувањето е ставена и во програмата за намалување на аерозагадувањето на Град Скопје.
 Градските власти најавија субвенции за печки на пелети и следната грејна сезона, со значително поголема сума, а освен Град Скопје, субвенции за овој вид греење ќе одобрува и Министерсрвото за животна средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира