СО АКТУЕЛНИТЕ НЕГАЦИИ СЕ УДИРА НА НАШАТА АНТИФАШИСТИЧКА БОРБА, РЕЧЕ НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИ

    СО АКТУЕЛНИТЕ НЕГАЦИИ СЕ УДИРА НА НАШАТА АНТИФАШИСТИЧКА БОРБА, РЕЧЕ НИКОЛА СТОЈАНОВСКИ ОД СОЈУЗОТ НА БОРЦИСтојановски говореше на одбележувањето на 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. (Фото: СДК.МК)

    Нашата антифашистичка борба беше и останува дел од државотворните процеси на земјата, кажа Никола Стојановски претседател на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија на денешното одбележување на 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.

    Стојановски во обраќањето на свеченоста пред Владата кажа дека во борбата против фашизмот учествувале илјадници Македонци и земјава секогаш била на вистинската страна на историјата.

    „Актуелните негации не удираат на технократијата туку на нашата победоносна борба и на нашата култура сочувана и градена со таа борба. Ваши екселенции, Сојузот на борци бара поддршка од вас за вистинскиот пат кон кој одела и оди Република Северна Македонија. Оваа земја нема да биде никогаш друго, таа е антифашистичка творба“, рече Стојановски.

    Премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето побара конечно да почнат процесите за членство на земјава во ЕУ.

    „Да покажеме заеднички дека сме подготвени да го направиме историскиот исчекор и да започнеме со преговорите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан. Ние, граѓаните на Република Северна Македонија ја избравме Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние. Во изминатите пет години, после сите премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори да направиме од нашата држава европски дом за сите, зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа“, рече Ковачевски.

    На свеченоста пред Владата обраќање имаа и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и евроамбасадорот Дејвид Гир. Брнз уште еднаш кажа дека Македонија треба час поскоро да биде членка на ЕУ, а Гур рече дека Брисел очекува итно отворање на преговорите за  Македонија и Албанија.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира