СО ПРАВО СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОВРЕДЕНИ КОГА БАШ ЕУ НИ ГО НЕГИРА ИДЕНТИТЕТОТ, МУ РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТ

    СО ПРАВО СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОВРЕДЕНИ КОГА БАШ ЕУ НИ ГО НЕГИРА ИДЕНТИТЕТОТ, МУ РЕЧЕ ДИМИТРОВ НА ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР РОТВицепремиерот Никола Димитров и германскиот министер за Европа Михаел Рот на средбата денеска во Берлин. (Фото: СЕП)

    Вицепремиерот Никола Димитров денес во Берлин на германскиот министер за Европа Михаел Рот му ја пренесе загриженоста од македонска страна дека секое понатамошно одолговлекување на почетокот на преговорите со ЕУ, може да предизвика зголемена недоверба кон европската перспектива, не само на Македонија туку и регионот, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

    „Со право се чувствуваме на некој начин повредени, посебно кога така важни идентитетски обележја како што е македонскиот јазик ни се проблематизираат на пат кон една заедница која што ја прославува различноста – и лингвистичка и културна на европскиот континент“, рече Димитров и нагласи дека е потребно да се преземат одлучни чекори за да се надминат сите непринципиелни барања, со цел земјата што е можно побрзо да добие одобрување на преговарачката рамка и одржување на меѓувладината конференција.

    Министерот Рот кажа дека германската влада ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, и смета дека треба конечно да почнат пристапните преговори.
    „Силно го поддржуваме португалското претседателство, како би се овозможил почеток на преговорите во јуни оваа година. Во исто време ја охрабрувам Северна Македонија паралелно да работи на реформскиот процес, пред се’ јакнење на правната држава, решителна борба против корупцијата, независно дејствување на судскиот систем, тоа не е важно само за Унијата, многу поважно е за граѓаните на Северна Македонија“, рече Рот и додаде дека Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира