СО ШТО ЌЕ ОДИМЕ ВО ЕУ, СО СРОЗЕН ПРИВАТЕН СЕКТОР И СО ПАРТИСКИ КАДРИ, ЈА ПРАША ВЛАДАТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ

    СО ШТО ЌЕ ОДИМЕ ВО ЕУ, СО СРОЗЕН ПРИВАТЕН СЕКТОР И СО ПАРТИСКИ КАДРИ, ЈА ПРАША ВЛАДАТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИАзески вели дека кога оди во владата постојано го зборува истото, но оттаму не преземаат ништо. (Фото: Стопанска комора)

    Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека во ЕУ се оди со јасна цел, со кадар и со пари, а не како што мислат од владата, со срозен приватен сектор, партиски кадри и моментални партиски интереси.

    „Цело време работиме на противење на воведување на нови давачки кои што нè имаат срозено и срамнето со земја и истиот тој ти вели како политичка елита: ‘Ајде дигни се, сега ќе се приклучиме кон Европска унија и ќе одиме’. Со што? Во Европска унија се оди со јасна цел, со кадар и со пари. Тој ти врши секој ден зафаќања во џебот, на приватниот сектор, тој сака да оди со партиски кадри во Брисел и тој оди со цел која што може да се менува спрема моменталните интереси на партиите“, кажа Азески денеска на настан од Бизнис платформата ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Скопје.

    Со најновата давачка, наречена данок за солидарност, ќе бидат опфатени околу 200 компании кои оствариле приход над 10 милиони евра, а владата планира да собере од нив 80 милиони евра. Законските измени се во собраниска процедура.

    Тој додаде дека кога оди во владата постојано го зборува истото, но оттаму не преземаат ништо.

    „Јас сега што да правам, ако одам 10 пати во Владата и 10 пати зборувам исто и 10 пати во јавноста излегувам и зборувам исто, а тие не сакаат да одговорат на тоа, него велат добро, ок, и ништо не прават. Што да правам, да ги тепам? Значи, дајте да постигнеме консензус сите, Балканот е исти. Ќе потпишеме некој документ, не е битно како ќе се вика, кој што ќе нè обврзува во наредните 10 години да престанеме со истории, географии и не знам што. Балканот е супер простор, ама дај да си го направиме начинот на живот поинаков“, вели Азески.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира