СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА НАШИТЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ СПРАВУВАМЕ ЗАЕДНО КАКО СОЈУЗНИЦИ, ПАРТНЕРИ И ПРИЈАТЕЛИ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САД

    СО СИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА НАШИТЕ ДРЖАВИ ЌЕ СЕ СПРАВУВАМЕ ЗАЕДНО КАКО СОЈУЗНИЦИ, ПАРТНЕРИ И ПРИЈАТЕЛИ, КАЖА АМБАСАДОРКАТА БРНЗ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САДКако што ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна, евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. САД се со вас на тоа искачување, рече амбасадорката Брнз. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Американската амбасада во земјава синоќа го прослави Денот на независноста, 4 Јули, односно 246-годишнината на основањето на Соединетите Американски Држави (САД). Во дворот на амбасадата, по двегодишна пауза поради коронакризата, беше организиран прием на кој се обрати амбасадорката Кејт Мари Брнз.

    Амбасадорката во говорот рече дека демократијата претствува искачување по угорнина, а секое качување по угорнина е тешко.

    „Како што ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна, евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачување. И како што нашите држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели. Посилни и порешителни од било кога“, кажа Брнз.

    Брнз кажа дека САД изминативе 30 години ја поддржува Македонија, а само од 2019 САД има инвестирано 60 милиони долари во земјава.

    На приемот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и владини министри, претседателот на Собранието Талат Џафери, градоначалниците Данела Арсовска и Стевчо Јакимовски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и други личности од јавниот и политичкиот живот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира