СО СМЕНАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ МИТРЕВСКИ, СИНДИКАЛИЗМОТ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПАРТИСКИ СТЕГИ, ВЕЛИ ПОВЕЛБАТА ЗА СОЛИДАРНОСТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО СМЕНАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ МИТРЕВСКИ, СИНДИКАЛИЗМОТ СЕ ОСЛОБОДИ ОД ПАРТИСКИ СТЕГИ, ВЕЛИ ПОВЕЛБАТА ЗА СОЛИДАРНОСТ

    Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права бараат надлежните органи да преземат активност за спречување на опструкциите на синдикализмот во Македонија.

    Повелбата го поздравува разрешувањето на досегашниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) Живко Митревски. Со смената на челната функција на ССМ, според Повелбата, синдикализмот на еден еклатантен начин конечно се ослободил од партиските стеги.

    “По бројните антисиндикални потези на овој синдикален функционер, кулминацијата беше извртувањето на клучната суштина на синдикализмот, наместо политичките партии да ги прилагодуваат своите политички програми и активности согласно барањата на синдикатите, тој, самостојно или со поддршка на само грст гранкови синдикати ја услогласил агендата на ССМ со истата владејачка партија. Да биде работата уште пострашна, таквото однесување е, изгледа, заразно. СОНК, исто така, побрза да се усогласи со владејачката партија,“ се вели во реакцијата на Повелбата на синдикална солидарност.

    Повелбата за солидарност ја сочинуваат ССНМ, УПОЗ, СМДС, СОЛИДАРНОСТ, ЛЕНКА, КСОМ, СКРМ, МЕСО, МУГРА и НАКС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира