СО СВЕДОЦИ МОЖЕ ВО БРАК ДА СТАПИТЕ, НЕ МОЖЕ ДРЖАВЈАНСТВО ДА ДОБИЕТЕ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    СО СВЕДОЦИ МОЖЕ ВО БРАК ДА СТАПИТЕ, НЕ МОЖЕ ДРЖАВЈАНСТВО ДА ДОБИЕТЕ, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕЗаев кажа дека според проценките, без државјанство во Македонија се меѓу 650 и 800 граѓани, од кои најголем дел се Роми. (Фото: Влада)

    Предложените измени на Законот за државјанство, според кои ќе може да се добие македонско државјанство со изјава на тројца сведоци, не се прифатливи за премиерот Зоран Заев. Ваквиот предлогот на Алијанса за Албанците е влезен во собраниска процедура и помина на прво читање.

    „Самиот предлог на Алијансата за Албанците навистина не е за поддржување. Ја почитувам политичката партија како најголема албанска опозициска партија, но во самиот предлог вели со тројца сведоци. Знаете, за да стапите во брак се потребни двајца сведоци и тоа е доволно за брак. За државјанство да викнете сведоци и да кажат, не е доволно, тоа го нема никаде“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на почетокот на изградба на спортска сала во Стајковци во Гази Баба.

    Заев кажа дека според проценките, без државјанство во Македонија се меѓу 650 и 800 граѓани и најголем дел од нив се Роми, па потоа се Албанците, а има и Македонци.

    „Има од сите националности. Тие живеат со нас, но за жал досега немаат право на социјална и здравствена заштита и други државни придобивки. Ќе се најде решение со помош на Обединетите нации и други земји кои спровеле ваква постапка за издавање државјанства. Со сведоци не се решава оваа работа. Сведочењето е субјективно. Секој може да донесе тројца сведоци од поширокото семејство да кажат, и готово“, рече Заев.

    Според предлогот на Алијанса за Албанците, државјани од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, ќе можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира