СО „ВЛАДИМИРКИ“ В РАЦЕ БИТОЛЧАНИ ИГРАА ОРО НА ПЕСНАТА „МАЈКА НА НИКОЛЧО ДУМАШЕ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СО „ВЛАДИМИРКИ“ В РАЦЕ БИТОЛЧАНИ ИГРАА ОРО НА ПЕСНАТА „МАЈКА НА НИКОЛЧО ДУМАШЕ“

    belize bend

    Актерката Ирена Ристиќ од „Белизе бенд“ држеше во рацете пара „владимирка“, а нејзиниот придружник на гитара, Тоше Таневски. за бакшиш имаше иста таква пара ставено на жиците

    Песната „Мајка на Николчо думаше, стани си сине премиер, да крадеш народ сиромав“ во изведба на „Белизе бенд“ ечеше на Широк Сокак пред новото кино „Манаки“. Битолчани со „владимирки“ во рацете виеја оро на песната. Потоа сите заедно го испеаја хитот „Земјо, Жмровска“. Изведувачката, актерката Ирена Ристиќ држеше во рацете пара „владимирка“, а нејзиниот придружник на гитара, Тоше Таневски. за бакшиш имаше иста таква пара ставено на жиците.

    Ирена рече :„Ние Белизе бенд сме веќе исплатени, му благодариме на Владимир Талески“.

    Толпата пееше и со боја го годеше киното Манаки, кое помилуваниот градоначалник Талески со општински пари  го гради три години на Широк Сокак. Киното од фарбање не го спасија ни големите најлонски церади кои ги постави локалната власт за да го заштити новоизградениот споменик на културата. Присутните фрлаа од парите со ликот на Талески, а мали деца мислејќи дека се работи за вистински банкноти на крај ги собраа сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари