СО ЗОРАН МИЛЕСКИ НЕ СУМ СЕ СРЕТНАЛ ОД АВГУСТ ДО ОКТОМВРИ 2019, РЕАГИРА МИЦКОСКИ НА ОБЈАВЕНИТЕ РАЗГОВОРИ НА ЈУТЈУБ

    СО ЗОРАН МИЛЕСКИ НЕ СУМ СЕ СРЕТНАЛ ОД АВГУСТ ДО ОКТОМВРИ 2019, РЕАГИРА МИЦКОСКИ НА ОБЈАВЕНИТЕ РАЗГОВОРИ НА ЈУТЈУБВо денеска објавените снимки, двајцата разговараат за изборите минатата година, кога паралелно имаше претседателски избори и локални избори за охридски градоначалник. - Зоран Милески-Кичевскиот; Христијан Мицкоски (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема ништо инкриминирачки во објавените разговори меѓу него и осудениот во „Рекет“ Зоран Милески- Кичевскиот. Денеска на Јутјуб се појавија четири такви разговори, на нов канал, насловен „Факти и бројки“. Мицкоски реагираше на Фејсбук, велејќи дека на прес-конференција на 16 август 2019 не негирал дека се сретнал со Милески, а оттогаш до интервјуто за „А1он“ во октомври не се сретнал со Милески. Тој во интервјуто за „А1он“ вели дека апсолутно немал средба со Кичевскиот.

    „Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум се среќавал со многу слободни граѓани. Но, од тогаш до самото интервју кое се објавува на ‘А1 он’ кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината“, вели Мицкоски.

    Во денеска објавените снимки, двајцата разговараат за изборите минатата година, кога паралелно имаше претседателски избори и локални избори за охридски градоначалник.

    „Да резимираме, би те замолил првиот круг во Охрид да се заинтересираш малце поише, а за вториот да седнеме, нормално доколку има можности да ни помогнеш. После 21-ви или ќе имаме лош резултат, а нема тоа да се деси и нема да има потреба од мајски преврат, едно-друго, сам ќе си заминам или ќе имаме добар резултат и тогаш навистина нема ништо да биде исто во ВМРО-ДПМНЕ. Е тогаш мислам дека ќе ни треба поинтензивна соработка Зоки, поготово на терен во западна Македонија. Зборам паралелно, надвор од комитетите, јас и ти директно“, му вели Мицкоски на Кичевскиот во еден од објавените разговори.

    На 21 април 2019 се одржа првиот круг од претседателските и локалните избори во Охрид. Милески е првостепено осуден на тригодишна затворска казна, откако во декември на почетокот од судењето за случајот „Рекет“ призна вина за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Минатиот месец беше пуштен од куќен притвор на слобода да ја дочека правосилната пресуда по позитивно мислење од обвинителката Вилма Русковска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира