СОБРАНИЕТО БЕЗ РАБОТНИ ТЕЛА, ПРАТЕНИЦИТЕ ЦЕЛА НЕДЕЛА СЕДАТ ДОМА

    СОБРАНИЕТО БЕЗ РАБОТНИ ТЕЛА, ПРАТЕНИЦИТЕ ЦЕЛА НЕДЕЛА СЕДАТ ДОМАПратениците откако избраа влада пред 5 дена, се заседнаа дома. (Фото:СДК.МК)

    Од неделата на полноќ, кога беше изгласана Владата, 120-темина пратеници уште одмораат. Цела недела тие немаа седница, а ниту едно работно тело на Собранието, без кои тоа не може и не смее да функционира, не е формирано.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери чека предлог од пратеничките групи, но предлог за таква седница нема.

    „Претседателот ќе ја свика седницата за формирање на работните тела на Собранието во моментот кога парламентарните политички партии ќе достават предлог. До овој момент таков предлог не е доставен од некоја партија. Штом предлогот ќе биде доставен, претседателот ќе може да свика седница“, рекоа од неговиот кабинет.

    Во Собранието се основаат постојани работни тела (комисии) за разгледување на предлози на закони и други општи акти што ги донесува тоа, за следење на извршувањето на актите на Собранието како и за проучување и претресување на други прашања од негова надлежност. Работните тела можат да воспоставуваат меѓународна соработка во областите за кои се основани.

    Претседателите, замениците на претседателите, членовите на работните тела и нивните заменици се избираат од редот на пратениците во Собранието.

    Како постојани работни тела на собранието се основаат:

    Комисија за уставни прашања

    Законодавно-правна комисија

    Комисија за прашања на избори и именувања

    Комисија за одбрана и безбедност

    Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

    Комисија за надворешна политика

    Комисија за европски прашања

    Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

    Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање

    Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите

    Комисија за финансирање и буџет

    Комисија за економски прашања

    Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

    Комисија за транспорт, врски и екологија

    Комисија за образование, наука и спорт

    Комисија за култура

    Комисија за здравство

    Комисија за труд и социјална политика

    Комисија за локална самоуправа

    Комисија за еднакви можности на жените и мажите

    Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

    Собранието нема избрано ни потпретседатели сè уште.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира