Собранието со 90 гласови ги донесе измените на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Изборниот законик, Законот за Влада по скратена постапка. Против пакетот измени гласаа независните пратенички Роза Топузова Кареска и Солза Грчева.
Овие измени беа договорени на средбите на партиите потписници на Пржинскиот договор, за одржување на предвремни парламентарни избори и за излез од долгата политичка криза.
Предлагачи на Законите беа кординаторите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на СДСМ Горан Сугарески, заменик кординаторот на ДПА Беким Фазлиу и пратеникот на ДУИ Артан Груби.