Професорот Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, се избрани за судии на Уставниот суд. Пратениците ги избраа денеска на седницата која што почна со 40-минутно доцнење, пак поради тоа што се чекаше кворум.
На денешната седница, Кадриу доби 68 гласа „за“, а за Костадиновски гласаа двајца пратеници помалку. Новите уставни судии имаат 9-годишен мандат. Тие пред Собранието денеска дадоа свечена заклетва.
С. К. ДЕЛЕВСКА