Собранието вечерва ги разреши министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухеил Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика, кој формално е министер без ресор. „За“ разрешување на тројцата гласаа 64 пратеници, а кај Фазлиу имаше и еден „против“.
На почетокот на седницата, Собранието ги констатираше оставките на министрите за култура, за земјоделство, за животна средина и министерот без ресор Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураки и Зоран Шапуриќ.
- ЌЕ ВИ ОДРЖАМ ЕКОНОМСКА ЛЕКЦИЈА И ТОА ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ 4 НОВИ ГОДИНИ ОПОЗИЦИЈА, ИМ КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ
- БЛАГОДАРАМ ГОСПОДИНЕ РЕМЕНСКИ, Ѝ КАЖА УМОРЕН ПРАТЕНИКОТ МИЦЕВСКИ НА КОЛЕШКАТА ФРОСИНА
- ЗА БЕЛИЗЕ МНОГУ ВИ Е ПОЗНАТО, НЕ ЗНАМ ОД КАДЕ, МУ РЕЧЕ ЗАЕВ НА МИЛОШОСКИ ПО ЗАБЕЛЕШКАТА ДЕКА САМО ТАМУ ПРЕМИЕРОТ Е И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
- ГО ПОВЛЕКУВАМ ПРЕДЛОГОТ ДА БИДАМ И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ, ИАКО УСТАВОТ И ЗАКОНИТЕ ГО ДОЗВОЛУВААТ ТОА, КАЖА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕТО
Утре Собранието ќе продолжи со изборот на нови министри, а меѓу предложените нема да го има премиерот Зоран Заев, кој се откажа од кандидатурата за министер за финансии поради законска пречка во Законот за спречување корупција и судир на интереси. Сепак, тој кажа дека ќе раководи со Министерството за финансии до избор на нов министер.
Предлози за нови министри се: Насер Нуредини – животна средина, Горан Милевски – локална самоуправа, Садула Дураки – политички систем, Трајан Димковски – земјоделие и Хусни Исмаили – култура.
С. К. ДЕЛЕВСКА