ЌЕ ВИ ОДРЖАМ ЕКОНОМСКА ЛЕКЦИЈА И ТОА ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ 4 НОВИ ГОДИНИ ОПОЗИЦИЈА, ИМ КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ЌЕ ВИ ОДРЖАМ ЕКОНОМСКА ЛЕКЦИЈА И ТОА ЌЕ ВИ ДОНЕСЕ 4 НОВИ ГОДИНИ ОПОЗИЦИЈА, ИМ КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕПратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто го менува министерот за финансии, кога во исто време тврди дека економијата расте, „тече мед и млеко во државата“. - Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собраниската расправа за реконструкција на Владата продолжи со барање од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.

    „Јас нема да бидам министер. Ќе раководам со Министерството за финансии, со одлука на Владата, до изборот на нов министер за финансии“, рече Заев.

    Но, негодувањата продолжија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто го менува министерот за финансии, кога во исто време тврди дека економијата расте, „тече мед и млеко во државата“.

    „Ветив економска лекција, ќе ја одржам. Враќање нема. И знаете што ќе значи тоа? Тоа ќе донесе 4 нови години опозиција на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

    На забелешките каде се ветените 500 евра просечна плата во Северна Македонија, Заев рече дека токму затоа влегува во финансии и оти тоа ветување и ветувањето кон пензионерите, ќе го исполни.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира