СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА И ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ, ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ НЕ СЕ РАСПРАВАШЕ

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА И ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ, ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ НЕ СЕ РАСПРАВАШЕПратениците Александар Кирацовски, Томислав Тунтев и Амди Бајрам на денешната седница во Собранието. (Фото: М. Златевска)

    Собранието ги изгласа и измените на Законот за заштита на сведоци и Законот за престанокот на важење на Законот за Советот за утврдување факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија.

    Пратениците не расправаа за измените на Законот за заштита од пушењето, бидејќи претходно треба да расправа Законодавно-правната комисија. Денес, собраниската Комисија за здравство со 4 гласа „воздржан“ и два „против“ го проследија Законот до пратениците за да се разгледа на пленарна седница, со образложение дека секој пратеник треба да се изјасни за законот на пленарна седница. За гласање останаа само законите поднесени од опозицијата, која што го бојкотира Собранието.

    Претходно, со 69 гласа „за“, Собранието денеска го донесе новиот Закон за употреба на јазиците.

    Со овој закон, албанскиот јазик ќе се употребува рамноправно во сите општини и во органите на државната управа, на чело со Собранието и Владата. Пратениците на опозицијата не учествуваат во работата на Собранието.

    На седницата професорот Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, беа избрани за судии на Уставниот суд.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира