СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

    СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ„За“ владата на Заев гласаа 62 пратеници, 51 гласаа „против“, немаше воздржани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието ноќва ја избра новата Влада на Република Северна Македонија на чело со Зоран Заев, со 62 гласа „за”. 51 пратеник гласаше „против“. Воздржани немаше.

    Владата е предводена од Заев, а тој ќе има тројца заменици, министри без ресор, додека Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа по гласањето и не присуствуваа на давањето заклетва членовите на новата влада и на потпишувањето на свечените изјави.

    Со изборот за министерка за труд и социјална политика, на Јагода Шахпаска ѝ прекинува пратеничкиот мандат, додека на Благоја Бочварски, кој е избран за министер за транспорт и врски, му заврши мандатот како градоначалник на Штип.

    Состав на владата:

    • Зоран Заев – премиер
    • Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
    • Љупчо Николоски – вицепремиер за борба против корупцијата
    • Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
    • Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
    • Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
    • Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
    • Бојан Маричиќ – министер за правда
    • Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски
    • Венко Филипче – министер за здравство
    • Мила Царовска -министерка за образование и наука
    • Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
    • Ирена Стефоска – министерка за култура.
    • Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
    • Горан Милевски – министер за локална самоуправа.
    • Бујар Османи – министер за надворешни работи
    • Фатмир Бесими – министер за финансии
    • Крешник Бектеши – министер за економија
    • Насер Нуредини – министер за животна средина
    • Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ПОРАСНЕ НА 20.000, ПРОСЕЧНАТА НА 34.000 ДЕНАРИ, НОВИТЕ ФИРМИ НЕМА ДА ПЛАЌААТ ФИРМАРИНА 2 ГОДИНИ, ВЕТИ МАНДАТАРОТ ЗАЕВ ВО ЕКСПОЗЕТО

    Пред гласањето, претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека еден пратеник ќе гласа од кабина. Наводно, заразен е од коронавирус.

    „Не паничете!”, им кажа Џафери на пратениците пред гласањето.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира