СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИ

    СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ГРУЕВСКИа Груевски има мерки притвор од предметите на СЈО против него, но и интерна потерница за апсење како осомничен организатор и нарачател на нападот на Собранието на 27 април 2017. - Груевски последен пат беше во Собранието на седница на Комисијата за уставни прашања во ноември (Фото: СДК.МК)

    Никола Груевски и официјално веќе не е пратеник, откако претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на денешната седница ја констатираше неговата оставка, испратена од Унгарија, каде што избеганиот осуден експремиер доби политички азил.

    Веднаш по констатирањето на оставката на Груевски, Собранието на ја констатираше и оставката на пратеникот Павле Богоевски. Потоа, Џафери даде пауза до 15 часот, задолжувајќи ја Државната изборна комисија да ги испрати наредните двајца кандидати за пратеници од листите на коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за да може да бидат верификувани нивните мандати.

    Груевски на Фејсбук најави дека самиот ќе си поднесе оставка на 1 јуни, три дена откако Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе одлука да му предложи на Собранието да му се одземе пратеничкиот мандат поради неоправдано отсуство од шест месеци. Оставката пристигна во Собранието на 5 јуни и беше ставена на дневен ред на првата наредна седница, т.е. денешната.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари