СОБРАНИЕТО ЈА ОТФРЛИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТОШКОВСКИ ПОДНЕСЕНА ОД ЛЕВИЦА

    СОБРАНИЕТО ЈА ОТФРЛИ ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА ТОШКОВСКИ ПОДНЕСЕНА ОД ЛЕВИЦАОпозиционерите всушност рекоа дека по сите стандали и безбедносни пропусти во изминатите две години откако е на функцијата, министерот Панче Тошковски требало одамна да поднесе оставка. (Фото: К. Попов)

    Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На претходната, втора по ред интерпелација за Тошковски која беше на 29 април, „против“ имаше 72 гласа.

    Денеска новинарите од галеријата забележаa дека пратеникот од владејачкото мнозинство Љупчо Пренџов, ги молеше колегите од „Вреди“ кои беа станати и со големи чекори упатени надвор од пленарната сала, да останат само 10 минути, како што им рече, да ја чујат одбраната на Тошковски по жестоките напади од подносителот на интерпелацијата, пратеник и лидер на Левица Димитар Апасиев, и после да излезат од салата колку часови сакаат.

    Левица и СДСМ обвинија за неефикасност и политизиранист на полицијата, поради што порасна криминалот, убиствата, свирепите убиства, сериските убиства, семејното насилство, силувањта, педофилијата, трговијата и силувањето на деца.

    „Поднесете си оставка, заминете, апелираа до него пратениците од Левица и од СДСМ“, но Тошковски се бранеше дека работи, дека нормално е да се вика по тој што работи, а не по тој што не работи и по којзнае кој пат, повторувајќи „имајте жал и емпатија за семејствата“, ја избегна трагедијата во Кочани, поради која основно бараат оставка сите пратеници од опозицијата. Тошковски барањето негова оставка за тоа го нарече немање трошка емпатија и ќарување политички поени на грбот на нечија тага, душа, трагедија и друг.

    За потсетување, ниту еден од родителите и семејствата на загинатите во катастрофалниот пожар во нелегалната дисотека „Пулс“ на 16 март 2025, до ден денешен не побарал во ниту еден момент да се молчи, да не се споменува, да не се отвора секој ден како тема трагедијата за која бараат правда, а само министерот Панче Тошковски, премиерот Христијан Мицкоски и ним блиски поддржувачи, замолчуват опозициони пратеници, новинари и граѓани, кои ќе прозват на одговорност за неизмерната трагедија која се случи за време на нивно владеење и под контрола на полицијата од ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, родителите постојано зборуваат за тоа, организираат протестни маршеви за да не се заборават нивните деца и темата ја одржуваат актуелна повеќе од една година.

    Опозиционерите всушност рекоа дека по сите стандали и безбедносни пропусти во изминатите две години откако е на функцијата, министерот Панче Тошковски требало одамна да поднесе оставка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира