СОБРАНИЕТО ЈА РАЗРЕШИ МИНИСТЕРКАТА РАШЕЛА МИЗРАХИ

    СОБРАНИЕТО ЈА РАЗРЕШИ МИНИСТЕРКАТА РАШЕЛА МИЗРАХИМизрахи е разрешена со гласање во Собранието околу 4 часот наутро. (Фото: СДК.МК)

    Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е разрешена од функцијата. Собранието пред зори ја разреши Мизрахи со 62 гласа “за“ и 26“ против по дискусија што траеше цела ноќ. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека пратениците ќе работат непрекинато до распуштањето.

    Собранието треба да се распушти на 16 февруари за да се закажат парламентарните избори на 12 април. Мизрахи беше дел од таканареченета Пржинска влада што трае 100 дена и треба да подготви услови за одржување фер и демократски избори.

    Разрешувањето на Мизрахи го побара техничкиот премиер Оливер Спасовски затоа што таа се појавуваше на прес конференции пред табла на која пишува „Република Македонија“ и си тоа го прекршила Уставот на Република Северна Македонија. Тој побара од ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг кандидат за министер во преодната влада.

    Мизрахи, која говорот го заврши со „Јас сум горда Еврејка од Македонија“ обвини за антисемитизам, а за неменувањето на таблата рече да ја прашаат нејзината претходничка вицепремиерката Мила Царовска зошто таа не ја сменила. Таа кажа дека во Министерството затекнала „нареушени меѓучовечки односи, непостоење на вредности, распаднат систем, криење проблеми, очајни граѓани и исплашени вработени“.

    За разлика од нејзините сопартијци кои не го признаваат Талат Џафери за претседател на Собранието, Мизрахи пред разрешувањето му се обрати со „почитуван претседател на Собранието“.што предизвика реакции во пленарната сала.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Мизрахи е разрешена затоа што открила незаконитости и злоупотреби на Мила Царовска која пред Мизрахи беше министерка за труд и социјала. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески побара разрешување на техничкиот премиер Оливер Спасовски затоа што и тој еднаш во говорот го спомена името „Република Македонија“ наместо новото име, па и тој го прекршил Уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира