СОБРАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ РАСПУШТИ НА 11 ФЕВРУАРИ, 60 ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, КАЖА ЏАФЕРИ

    СОБРАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ РАСПУШТИ НА 11 ФЕВРУАРИ, 60 ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ, КАЖА ЏАФЕРИКон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада. - Собранискиот спикер на брифинг со новинарите (Фото: СДК.МК)

    Собранието ќе се распушти на 11 февруари, односно 60 дена пред одржување на изборите, закажани за 12 април, како што предвидува Уставот, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери.

    Откако вчера премиерот Зоран Заев изјави дека очекува парламентот да се распушти кон крајот на февруари за да не се загрози ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО, Џафери на денешниот брифинг со новинарите кажа дека тогаш треба да се одложи датумот за одржување на изборите.

    „До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштање на Собранието. Ако барањето стигне по 11 февруари, го одложува датумот за одржување на изборите“, кажа Џафери.

    Кон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада, за да може претседателот Џафери на 3 јануари да ја закаже седница за изгласување на новата влада. Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни изборите кои се закажани на 12 април.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари