СОБРАНИСКОТО ТЕЛО НЕМА ПРЕДЛОГ КАКО ДА СЕ ИЗВЕДЕ ПОМИРУВАЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    СОБРАНИСКОТО ТЕЛО НЕМА ПРЕДЛОГ КАКО ДА СЕ ИЗВЕДЕ ПОМИРУВАЊЕТО ЗА 27 АПРИЛТри работни групи ќе се формираат во состав на интерпартиското тело за помирување, една за реформа, друга за интеграција а трета за помирување. - Од денешниот состанок на собраниското тело за помирување (Фото: К. Попов)

    Три работни групи ќе се формираат во состав на собраниското интерпартиско тело за помирување, една за реформа, друга за интеграција, а трета за помирување.

    На денешната заедничка прес-конференција на Фросина Ременски и Емилија Александрова, Ременски рече дека Координативното тело за помирување на денешниот прв состанок ја утврдиле динамиката за работењето на телото.

    „Се договоривме дека основни начела на кои се заснова работа се реформа, интеграција и помирување. Интеграцијата се однесува на уставните измени за членство на Македонија во Европската унија и НАТО. Втората група ќе работи на поширок план на помирување и предлагање решенија поврзани со настаните за 27 април. Ќе има долгорочен план. Ова е чин на консензус меѓу одговорни пратеници дека не може да одиме во реформи и интеграција“, рече Ременски.

    На состанокот не бил договорена рамка околу можното преквалификување на обвинението за 27 април и како ќе ја изведат можната селективна амнестија. Сè уште нема понуден текст како рамка околу кои би се воделе разговорите за помирувањето, иако беше најавено дека независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за помирување на учесниците на 27 април 2017 година.

    Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие не дале бланко потписи за уставните измени, туку процесот на помирување и интеграција е условен.

    „Секое законско решение ќе произлезе од групите во делот на интеграција, реформи и помирување. Очекуваме да се забрза процесот, нема да бидат лесни процесите, но свесни за иднината на државата во оваа ситуација нема простор за импровизации“, изјави Александрова

    Александрова апелираше процесот на помирување да почне што поскоро и рече дека идеите и предлозите ќе бидат презентирани пред интерпарламентарната група. Втората средба е закажана за в петок.

    Координативното тело за помирување брои 15 члена од владејачкото мнозинство, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои немаат пратенички групи.

    Во телото не учествуваат претставници на Беса, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира