СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ЌЕ ПРОТЕСТИРА НА 31 АВГУСТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН НАСТАВА

    СОЈУЗОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ЌЕ ПРОТЕСТИРА НА 31 АВГУСТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ЦЕЛОСНА ОНЛАЈН НАСТАВАПретставници на Сојузот на средношколци на средба со премиерот Оливер Спасовски на 21 август. (Фото: Влада)

    Сојузот на средношколци го премести најавениот протест против одлуката на Министерството за образование за целосна онлајн настава од 28 август на 31 август, поради празникот Голема Богородица, соопшти сојузот. Тие се залагаат за комбиниран модел на настава, онаму каде што дозволуваат условите.

    „Имајќи го предвид големиот христијански празник Голема Богородица, Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека протестот е одложен за понеделник, 31 август. Бараме разбирање од јавноста со оглед на важноста на празникот. Протестираме против одлуката за целосно онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата на РСМ“, велат од Сојузот на средношколци.

    Тие ги покануваат наставниците и родителите кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да им се придружат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира