ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И СОЛЗАВЕЦ ВО СУДИР СО БЕГАЛЦИТЕ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА

a:3:{s:16:"td_post_template";s:15:"single_template";s:11:"td_subtitle";s:105:"Вкупно15полицајцисеповредени,одкоичетирипосериозно";s:9:"td_source";s:29:"Гевгелија(МЕТА)

    ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ И СОЛЗАВЕЦ ВО СУДИР СО БЕГАЛЦИТЕ НА ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА

    Вкупно 15 полицајци се повредени, од кои четири посериозно, по судирот на полицијата со бегалците на македонско-грчката граница, соопшти МВР.

    Од таму информираат дека нападите биле повремени, а мигрантите што се обидувале нелегално да ја поминат границата, употребувале сила. Кон полицијата фрлале камења и тврди предмети.

    Материјалните штети сè уште се пребројуваат, а во неколкуте напади кон полицијата оштетени се три полициски возила и неколку штитови.

    Засиленото полициско обезбедување е сè уште присутно, групата мигранти е одбиена, а се обезбедуваат сите нелегални премени и процепи на заштитната ограда, која изутринава мигрантите ја пробија за да влезат во земјава, соопштува МВР.

    Македонската полиција утринава фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци кои протестираа на оградата кај Идомени.

    Грчките медиуми јавуваат дека дел од бегалците биле онесвестени и имале проблеми со дишење поради инцидентите.

    Бегалците протестираа на оградата со барање да се отвори границата. Во кампот вчера повторно се проширил флаер на арапски јазик повикувајќи на собир и протест во 9 изутринава на Идомени.

    Некои од информациите велат дека неколкумина бегалци се обиделе и да ги турнат столбовите и оградата.

    На ова македонската полиција одговорила со солзавец и шок бомби, по што започнала пресметка со солзавец од страна на македонската полиција и камења од страна на бегалците.

    Портпаролот на грчкото координативно тело за справување со бегалската криза Јоргос Кирицис остро реагираше на инцидентите на Идомени. Тој испрати порака до македонските власти да се воздржат од употреба на сила до бегалците, а апелираше и до бегалците да не веруваат во лажните информации за отворање на границата и повиците за протести.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари