СОПРУГОТ НА ЈАНКУЛОСКА КАКО НЕЈЗИН АДВОКАТ Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ДЕКА ВО СТРАЗБУР ЌЕ Ѝ ПРАВАТ ТЕСТ ЗА ПРИСТРАСНОСТ ВО „ТЕНК“

    СОПРУГОТ НА ЈАНКУЛОСКА КАКО НЕЈЗИН АДВОКАТ Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ДЕКА ВО СТРАЗБУР ЌЕ Ѝ ПРАВАТ ТЕСТ ЗА ПРИСТРАСНОСТ ВО „ТЕНК“Осудената во „Тенк“ Гордана Јанкулоска бара од Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска која ја осуди во процесот за набавката на мерецедесот за НИкола Груевски до 600.000 евра; - Кацарска денеска на сослушувањето во Судскиот совет (Фото: К. Попов)

    Сопругот на осудената во „Тенк“ ексминистерка Гордана Јанкулоска, адвокатот Влатко Илиевски, барајќи денеска во Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска, се закани дека и судот во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност.

    „Само да напоменам, Европскиот суд за човекови слободи и права има методологија да утврди пристрасност во водењето на постапката, користејќи објективен и субјективен тест“, рече Илиевски, цитирајќи неколку такви примери од пресуди на Судот во Стразбур.

    Јанкулоска не е дојдена на денешното комисиско сослушување на неа, како подносител на барањето, и на Кацарска за која се бара да биде разрешена за пристрасност во водењето на постапката за набавката мерцедесот на експремиерот Никола Груевски од 600.000 евра купен од пари на МВР, за намерна повреда на правичност на судењето и за груба повреда на судискиот кодекс.

    Сопругот на Јанкулоска тврди дека Кацарска со однесувањето прејудицирала вина кон обвинетата Јанкулоска уште пред да почне судењето. Потоа, тој кажа дека Кацарска и го ограничила „правото на породилно отсуство во деветиот месец на високоризична бременост“.

    Кацарска ја осуди на 6 години затвор поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за местење на тендерот за се да добие „тоа на М“ како што Груевски го вика мерцедесот во еден разгвоор во бомбите. Апелација ѝ ја намали казната на 4 години, а Врховниот суд тогаш под водство на Јово Вангеловски, забрани Јанкулоска да оди в затвор додека не одлучи највисокиот суд по нејзините жалби за пресудата и за начинот на водењето на судскиот процес.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира