СОСТОЈБАТА МИ Е ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА, ОШТЕТЕН МИ Е НЕРВ ПРИ ОПЕРАЦИЈА НА ЖЕЛУДНИКОТ, СЕ ПОЖАЛИ БОКИ 13

    СОСТОЈБАТА МИ Е ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА, ОШТЕТЕН МИ Е НЕРВ ПРИ ОПЕРАЦИЈА НА ЖЕЛУДНИКОТ, СЕ ПОЖАЛИ БОКИ 13Осомничениот во „Рекет“ Боки 13 побара да излезе од затворот во Шутка, каде е од 15 јули и да се лекува во болнички, а не притворски услови, макар и останала ублажена мерка притвор или други мерки против него. - Боки 13 со неговиот адвокат на денешната јавна седница во Скопска апелација (Фото: К. Попов)

    Не се жалам на третманот во притворот во Шутка, но јас сум во животозагрозувачка состојба, му кажа денеска Бојан Јовановски – Боки 13 на советот во Скопска апелација, кој расправаше по неговата жалба за продолжување на мерката притвор.

    „Имам органски проблем, не сум во добра психичка состојба. Јас сум во животозагрозувачка состојба, оштетен ми е нерв при операцијата на желудникот, која ја направив по своја волја. Белите дробови ми се оштетени, а имам и уште 4 дијагнози на кичмениот столб“, кажуваше Јовановски како се чувствува.

    Тој побара да излезе од затворот во Шутка, каде е од 15 јули и да се лекува во болнички, а не притворски услови, макар и останала ублажена мерка притвор или други мерки против него.

    „Јас треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Јас можеби надворешно изгледам добро, но не се чувствувам добро. Живеам за да ја докажам вистината и да ја докажам својата невиност“, рече тој.

    Исказ кај обвинител немам сѐ уште дадено, зашто вештачењето не е завршено, одговори тој на прашање на еден од апелационите судии, кои одлука по жалбата на Боки ќе донесат деновиве.

    Потоа со адвокатот Бојан Јовановски отиде во ОЈО за организиран криминал на увид во докази против него за „Рекет“, за што е и притворен.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира