Советникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини денеска бил пријавен во полиција бидејќи предизвикал и учествувал во тепачка. Од Министерството за внатрешни работи за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека Усеини е пријавен дека физички нападнал друго лице.
„На 18.08 во 11.35 часот во СВР Охрид, С.Т.(41) пријавил дека пред угостителски објект бил физички нападнат од Н.У (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.
Тепачката се случила во хотел во центарот на Охрид. Очевидци, гости на хотелот за САКАМДАКАЖАМ. МК раскажуваат дека Усеини заедно со неколку лица го нападнал лицето С.Т. на паркингот пред хотелот. Потоа тепачката продолжила и внатре во хотелот, кој бил полн со гости. Гостите во паника бегале за да не настрадаат во тепачката, се криеле зад шанкот и рецепцијата, па што вратените повикале полиција. Како што раскажуваат очевидци низ целиот хотел има траги од крв.
Полиција и крим-техника веднаш по пријавата дошле во хотелот и се работи на расчистување на случајот.
А. АНТЕВСКА