СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА

    СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПОЧНУВА ПОСТАПКА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВАПретседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев не сакаше да коментира дали со разрешување на Катица Јанева Советот ќе назначи в.д. Специјален обвинител, велејќи дека Јанева уште не е разрешена од функцијата. (Фото: СДК.МК)

    Советот на јавни обвинители почнува постапка за разрешување на притворената Катица Јанева од функцијата шефица на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев, по денешната седница изјави дека едногласно е одлучено оти се исполнети сите услови за започнување на постапка за разрешување на Специјалната обвинителка Јанева.

    „За да го направиме тоа, Советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието, за тоа согласно своите надлежности ја продолжи постапката. Мислам дека во текот на денешниот ден ќе го спремиме извештајот и најдоцна до утре ќе го доставиме до Собранието“, рече Штериев.

    Во извештајот, како што кажа Штериев, ќе бидат наведени податоци кои ќе бидат доволни пратениците да имаа пред себе факти за да одлучуваат.

    Тој не сакаше да коментира дали со разрешување на Катица Јанева Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. Специјален обвинител, велејќи дека Јанева уште не е разрешена од функцијата.

    Јанева е во 30-дневен притвор, како една од тројцата осомничени во случајот „Рекет“, задно со Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

    А. АНТЕВСКА

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира