СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА ИДНИОТ МЕСЕЦ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВО

    СОВЕТУВАЊЕ ЗА ГЕРМАНСКА ПЕНЗИЈА ИДНИОТ МЕСЕЦ ВО СКОПЈЕ И ТЕТОВОСоветодавните денови со службениците од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе се оддржат во Тетово и Скопје. (Фото:СДК.МК)

    Службеници од Германскиот фонд за пезниско осигурување на 7-ми и 8-ми следниот месец ќе оддржат советување во Македонија, за македонски граѓани кои работеле во Германија, соопшти германската амбасада во Скопје.

    Од амбасадата на Германија инфомираат дека сите лица, кои работеле во Македонија и во Германија, или во Германија, ќе можат да се посоветуваат и да се информираат за нивните индивидуални права на пензија и од германското и од македонското пензиско осигурување.

    Идните пензионери ќе можат да добијат информации за најраниот термин за пензионирање и за висината на пензијата, како им се пресметува стажот и како да докажат дека имаат стаж, каква е постапката за исплата на пензијата, каква е постапката за поднесување барање за пензија, како и барање за остварување на правото за инвалидност.

    Советодавните денови со службениците од Германскиот фонд за пензиско осигурување ќе се оддржат во Тетово и Скопје. На 7-ми ноември од 9.30 до 16 часот ќе има советување во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Тетово, а на 8-ми ноември во просториите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Скопје.

    Германската амбасада ги повикува заинтересиранитеда закажат термин на телефонот: (00389) 215 215.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира