СПАСОВСКИ, ФИЛИПЧЕ И ОСМАНИ НЕ ДОЈДОА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ ОТИ ВЧЕРА СЕ ВИДОА СО ДИМИТРИЕВСКИ КОЈ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    СПАСОВСКИ, ФИЛИПЧЕ И ОСМАНИ НЕ ДОЈДОА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ ОТИ ВЧЕРА СЕ ВИДОА СО  ДИМИТРИЕВСКИ КОЈ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Спасовски, Османи и Филипче вчера беа во посета на Општина Куманово и имаа средба со градоначалникот Максим Димитриевски кој денеска објави дека е позитивен на КОВИД-19.(ФОТО: СДК.МК)

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче не дојдоа на седницата на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на Претседателот. Спасовски, Османи и Филипче,  како и Арбр Адеми, вчера беа во посета на Општина Куманово и имаа средба со градоначалникот Максим Димитриевски кој денеска објави дека е позитивен на КОВИД-19.

    Од кабинетот на Пендаровски информираат дека седницата е во тек и по завршувањето претседателот ќе даде изјава за јавноста во врска со темите за кои се разговарало и заклучоците.

    Покрај премиерот и министрите, вчера во Куманово на седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување беше и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, директорот на Дирекција за заштита и спасување Аднан Џаферовски, директорите на Кумановската болница и Центарот за јавно здравје, претставници на Советот на Општина Куманово, на СВР Куманово, на Армијата, Пожарната единица, Црвен крст, Центарот за управување со кризи, како и на јавните претпријатија. На состанокот присуствуваа околу 25 луѓе, а траеше 3 часа. Претходно градоначалникот и владините претставници одржаа прес-конференција пред голем број на новинари.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира