СПАСОВСКИ ОД БИТОЛА: ЖАЛАМ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ, НЕ САКАМ ДА ИМ ДАВАМ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Битола,(МЕТА)

    СПАСОВСКИ ОД БИТОЛА: ЖАЛАМ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ, НЕ САКАМ ДА ИМ ДАВАМ ПОЛИТИЧКА КОНОТАЦИЈА

    „Жалам за инцидентот што се случи вчера во Битола, во кој жртва е поранешен пратеник на СДСМ. Меѓутоа, на масата биле и поранешен градоначалник и поранешен началник на УБК. Не сакам да шпекулирам, не сакам да ставам ништо во политичка конотација, затоа што тој што влече потези исклучиво во интерес на политиката, влече потези против Република Македонија“, рече денеска во Битола, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

    – Оставам МВР да го истражи овој случај и напоменувам дека не смее никому да му се случи ова без оглед дали е обичен граѓанин или функционер. Секој треба да се чувствува безбедно и сигурно во овој град и во оваа земја – изјави Спасовски, кој во Битола присуствуваше на одбележувањето на 15 годишнината од смртта на бранителите кај Вејце.

    На новинарско прашање дали има повеќе информации за вчерашниот инцидент во скопски Капиштец, тој рече дека Основното јавно обвинителство извршило увид, истрагата трае и сите детали ќе бидат споделени со јавноста. Спасовски истакна дека безбедносната состојба е стабилна и дека треба да се одржува таква, а за тоа, според него, шанса беше Договорот од Пржино.

    – Државниот интерес треба да е пред политичкиот и сите треба да сме длабоко свесни за одржување на безбедноста на земјата – изјави Спасовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари