СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ ПРИ ИЗДАВАЊЕ ИЗВОДИ НА РОДЕНИ, ВЕНЧАНИ И УМРЕНИ

    СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ ПРИ ИЗДАВАЊЕ ИЗВОДИ НА РОДЕНИ, ВЕНЧАНИ И УМРЕНИПогрешните изводи се чуваат во Управата, но нема пропис за тоа што да се прави понатаму со нив, а не е утврдена одговорноста за надоместување на трошокот во случај на настаната грешка при издавање на изводите. (Фото: К. Попов)

    Граѓаните губат време и нерви со згрешени имиња и презимиња, адреси, датум на раѓање, погрешен пол и други грешки во документите што ги издава Управата за водење на матични книги.

    Потврда за поплаките на граѓаните е и последниот извештај на Државниот завод за ревизија, кој утврди многу неправилности во работењето на Управата за водење матични книги.  Освен финансиски неправилности, Државниот завод за ревизија утврди и дека само во 2019 година Управата издала погрешни 21.957 изводи.

    Изводите при набавката се добиваат со сериски број, а Управата ги издава ама не води сметка за серискиот број на изводите поради тоа, таа не располага со податоци за вкупно набавени и издадени изводи по сериски број, за вкупно погрешни изводи по сериски број, како и залиха на изводи по сериски број.

    Погрешните изводи се чуваат во Управата, но нема пропис за тоа што да се прави понатаму со нив, а не е утврдена одговорноста за надоместување на трошокот во случај на настаната грешка при издавање на изводите. На сметката на Управата фалат 15 илјади евра по основ на издадени изводи во 2019 година, а по основ на административна такса, фалат скоро 30 илјади евра.

    Ревизорот утврдил дека на 31.12.2019 издадени се дури 98.381 изводи повеќе од бројот на изводи евидентиран како влез во евиденцијата на Управата. При издавање извод на умрени, кај 42% од барањата нема доказ за бројот на личната карта на подносителот, а за 11% од барањата за умреница нема доказ за крвно сродство на починатиот со подносителот на барањето.

    Во ревизорскиот извештај е наведено дека Управата нема донесено интерна процедура со која ќе се регулира постапката на издавање на изводите и извршување на другите услуги во корист на граѓаните. Поконкретно, Управата не утврдила рок за издавање изводи на родени, венчани и умрени, што создава ризик од ненавремено издавање на документите на граѓаните.

    Споделете го со нас вашето искуство и проблемите со кои сте се соочиле за да ни помогнете во претстојното истражување за работењето на Управата за водење матични книги.

    За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (Податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира