СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-19, ОСМАНИ И ЈАКУПИ ГО ПОСЕТИЈА ЏАФЕРИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ИАКО ПОСЕТИТЕ СЕ ЗАБРАНЕТИ

    СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-19, ОСМАНИ И ЈАКУПИ ГО ПОСЕТИЈА ЏАФЕРИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ИАКО ПОСЕТИТЕ СЕ ЗАБРАНЕТИПолитичирите од ДУИ, Јакупи, Џафери и Османи сликани на Инфективна клиника. (Фото: Фејсбук профил на Бујар Османи)

    Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи заедно со директорот на Клиниката за торакална хирургија Неџати Јакупи, во екот на пандемијата на коронавирус биле во посета на Инфективна клиника, во собата каде се лекува претседателот на Собранието Талат Џафери. И Османи и Јакупи, кои се членови на ДУИ, се хирурзи по професија. Османи претходно беше и министер за здравство, а Јакупи министер за животна средина.

    Фотографијата од болничката соба на Клиниката каде се лекуваат 87 пациенти од ковид-19, на Фејсбук ја објави Османи, со наслов „Еднаш борец, засекогаш борец“.

    Од почетокот на коронакризата, забранети се посети на која било клиника поради заштита и строги мерки на претплазливост. Забранети се и лекарските колегиуми, а докторите сè уште работат на ротации.

    Одговарајќи на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, од Инфективната клиника велат дека Бујар Османи вчера бил на конзилијарен преглед на клиниката, при што ја искористил можноста да го види Талат Џафери.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира