СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА НА ТРОЈЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

    СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА НА ТРОЈЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУССите тројца зааболени пациенти со коронавирус се на Инфективната клиника во Скопје, а состојбата им е стабилна. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Двајцата сопружници заболени од коронавирусот и првата заболена пациентка кои се на Инфективната клиника во Скопје се во стабилна состојба, соопшти Министерството за здравство.
    Оттаму додаваат дека последниот контролен тест на пациентката бил негативен, но утре ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна.

    „Во вторник, 10 март, истекува перидот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-от ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај.
    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) вчера ги подели решенијата на сите патници и блиските контакти на заболенитесопружници од Дебар кои на 27 февруари пристигнале во земјата. Решенијата подразбираат здравствен надзор и контрола на домашната изолација во соработка со полиција, а за непостапување по решението следуваат правни санкции“, велат од кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче.

    Од министерството велат дека согласно новата состојба и мерките кои ги презеде италијанската Влада, откако целосно ја стави во карантин областа Лонбардија, утре по состанокот со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, ќе информираат за евентуални нови мерки за превенција и заштита од понатамошно ширење на вирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира