СТАВРЕСКИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ГО ПОТРОШИЛ ДЕФИЦИТОТ ПЛАНИРАН ЗА ЦЕЛА ГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТАВРЕСКИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ГО ПОТРОШИЛ ДЕФИЦИТОТ ПЛАНИРАН ЗА ЦЕЛА ГОДИНА

    За цела 2016 година власта планираше буџетски дефицит од 3,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), односно 300 милиони евра. Буџетот беше предвиден на 3,2 милијарди евра кај расходите, а 2,9 милијарди евра кај приходите. Само во првиот квартал од годинава, буџетскиот дефицит веќе изнесува 3,9 отсто од БДП, значи 21 отсто над предвидениот за цела година или, во пари, над 360 милиони евра, пишува Вистиномер.мк.

    Како и секогаш во период пред избори, оваа власт го пумпа буџетскиот дефицит со цел да ги поткупи гласачите со различни погодности, какви што се зголемување на социјалната помош, пензиите, платите во администрацијата и што уште не. Така беше и пред овие избори кои беа закажани за 22 април и 5 јуни, но кои не се одржаа.

    Досега никогаш не се потрошил планираниот дефицит за цела година и уште повеќе од тој износ и тоа само во еден квартал, пишува Вистиномер.мк и предупредува дека ваквиот тренд не запира. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  уште лани вети дека од 1 септември годинава повторно ќе ги зголеми пензиите за дополнителни 5%, што по правило буџетот го чини околу 30-35 милиони евра годишно.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари