СТЕВАНАНЏИЈА ГО ПРЕЖАЛИ ЏОРЛЕВ СО „ТЕШКОТО“, ПИШЕВ РЕШАВАШЕ КРСТОЗБОР

    СТЕВАНАНЏИЈА ГО ПРЕЖАЛИ ЏОРЛЕВ СО „ТЕШКОТО“, ПИШЕВ РЕШАВАШЕ КРСТОЗБОРПратениците на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија и Васил Пишев на денешното продолжение на седницата за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.

    Додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, наставник, ја рецитираше делумно „Тешкото“, бидејќи првин ја читаше од лист, неговиот сопартиец Васил Пишев решаваше крстозборки на денешната седница за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Стевананџија ја посвети песната на Блаже Конески на разрешените културни работници и со жалење констатираше дека е сменет директорот на „Танец“ Зоран Џорлев. Пратеници од СДСМ му дофрлаа од место: “Еј, не ја знаеш на памет ‘Тешкото’”.

    Најголем дел од пратениците на владејачкото мнозинство, револтирани од, како што велат, бесмислена расправа за Зврлевски, се пред вратите на Собранието или во своите канцеларии. Останаа уште 14 дискутанти и според проценките на пратениците, расправата би траела со ова темпо уште осум дена.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира