СТЕВО Е ПРОТИВ ПОДЕЛБИ И ЌЕ БИДЕ ПАРТНЕР НА ВЛАДАТА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПЕНДАРОВСКИ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ

    СТЕВО Е ПРОТИВ ПОДЕЛБИ И ЌЕ БИДЕ ПАРТНЕР НА ВЛАДАТА, КАЖА ЗАЕВ ЗА ПЕНДАРОВСКИ НА КОНГРЕСОТ НА СДСМ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТНа конгресот, делегатите само треба да го потврдат изборот и договорот со коалиционите партнери Пендаровски да биде заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. - Заев и Пендаровски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Стево Пендаровски е идниот претседател на Република Северна Македонија, тој е нашиот предлог и уверени сме во победа, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешниот конгрес на партијата.

    На конгресот, делегатите само треба да го потврдат изборот и договорот со коалиционите партнери Пендаровски да биде заеднички кандидат на претстојните претседателски избори.

    „Стево ќе биде претседател со високо чувство на одговорност кој земјата ќе ја носи напред, кон Европската унија и НАТО. Стево е против поделби и ќе биде партнер на Владата во спроведување на реформските процеси. Личност со интегритет, потврда на концептот едно општество за сите“, рече Заев.

    Заев во говорот пред делегатите и партиското раководство се осврна и на работата на Владата предводена од СДСМ.

    „Знам дека не е совршено, ниту лесно, но секој наш чекор е за подобра иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Ги затворивме надворешните прашања, сега е време за економски поход, кој ќе даде резултати само ако се работи чесно и одговорно. Мораме да ставиме крај на корупцијата, да внимаваме на етичките и моралните норми“, кажа Заев пред делегатите.

    На 23. конгрес на СДСМ во „Александар Палас“ најавени се 783 делегати, кои треба само да го потврдат изборот на Пендаровски за претседателски кандидат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира