СТИГНА ДОНАЦИЈАТА ОД 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ГРЦИЈА

    СТИГНА ДОНАЦИЈАТА ОД 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ „АСТРАЗЕНЕКА“ ОД ГРЦИЈАСолидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против вирусот, вели Филипче. (Фото: Министерство за здравство)

    На Скопскиот аеродром денеска пристигна донацијата од 20.000 вакцини против ковид-19 на „АстраЗенека“ од Грција. Донацијата ја примија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

    „Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини Астра Зенека. Оваа поддршка од грчката Влада и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нè поздрави и премиерот Зоран Заев кој во тој момент се врати од Брисел“, напиша на Фејсбук Филипче, кој минатата недела ги најави 20-те илјади дози од Грција, но и 50 илјади дози од Бугарија.

    Грција вчера донираше 20 илјади вакцини на „АстраЗенека“ и на Албанија.

    Грчкиот Национален комитет за вакцинација вчера препорача вакцината на „АстраЗенека“ да не се дава на лица под 60 години и дека тие треба да имаат можност да изберат од другите три вакцини.

    Оваа препорака не се однесува на лицата кои примиле прва доза од вакцината на „АстраЗенека“ и веќе имаат закажано термин за втората доза.

    Според претседателката на Комитетот Марија Теодору, препораката е донесена поради епидемиолошката состојба во земјата, која укажува на умерено до ниско нивно на зараза. Досега во Грција, вакцината на „АстраЗенека“ се даваше на лица над 30 години.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира