СТИГНА ВО СОБРАНИЕ БАРАЊЕТО ДА МУ БИДЕ СИМНАТ ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНИТЕТ НА ВЕЉАНОСКИ

    СТИГНА ВО СОБРАНИЕ БАРАЊЕТО ДА МУ БИДЕ СИМНАТ ПРАТЕНИЧКИОТ ИМУНИТЕТ НА ВЕЉАНОСКИПретседателот на Собранието Талат Џафери ќе го препрати до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања кој ќе треба итно да свика седница и да се гласа за барањето на судот. (Фото: СДК.МК)

    Барањето од Основниот суд Скопје 1, за симнување на пратеничкиот имунитет на осомничениот Трајко Вељаноски, стигна кај претседателот на Собранието Талат Џафери, потврди неговиот кабинет.  Барањето е препратено до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски кој ја закажа седницата за утре во 10.30 часот.

    Како и за Спире Ристовски, Миле Јанакиески (кои од синоќа се во притвор), Никола Бошкоски и Никола Груевски (кои се во бегство), така и за Трајко Вељаноски обвинителката Вилма Рускоска побара мерка притвор во рамки на истрагата за организаторите и нарачателите на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

    Синоќа Трајко Вељаноски ја напушти канцеларијата на судијата на претходна постапка, кој не може да одлучува за негово евентуално притворање, бидејќи засега го штити пратеничкиот имунитет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира