СТИГНАА НОВИ 20.000 „СПУТНИК“ ВАКЦИНИ, ДОНАЦИЈА ОД СРБИЈА

    СТИГНАА НОВИ 20.000 „СПУТНИК“ ВАКЦИНИ, ДОНАЦИЈА ОД СРБИЈАВо земјава со „спутник“ досега беа вакцинирани здравствени работници. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Стигна втората донација од Србија, двапати по 20 илјади дози „Спутник“ вакцини, во период кој е многу важен за продолжување на континуитетот на масовната вакцинација против ковид-19, кажа денеска премиерот Зоран Заев пред Институтот за трансфузиологија.

    Од Србија веќе добивме 8 илјади вакцини на „Фајзер“ кои беа за здравствените работници од Ковид-центрите. Денеска стигна првата пратка од 20 илјади дози „Спутник“, за кои што Заев рече дека е од пратка на Србија од 100.000 дози. Премиерот додаде дека Србија од пратката која ќе биде вкупно 200.000 дози, за нас ќе одвои 40.000, но не откри кога ќе стигнат вторите 20.000 дози.

    Заев апелираше до граѓаните да се пријават за термин за вакцина, додавајќи дека сите вакцини се безбедни, и што побрзо заврши вакцинацијата „побрзо ќе го победиме овој невидлив непријател“.

    Во април се очекува втората пратка од „АстраЗенека“, односно 76 илјади дози преку Ковакс-механизмот, како и вакцините од Кина.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира