СТОТИНА ПОВРЕДЕНИ, ТРОЈЦА ОПЕРИРАНИ ПОРАДИ СКРШЕНИЦИ ВО ПАНИКАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТОТИНА ПОВРЕДЕНИ, ТРОЈЦА ОПЕРИРАНИ ПОРАДИ СКРШЕНИЦИ ВО ПАНИКАТА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ

    Во скопските болници и клиники денес амбулантски се прегледани стотина граѓани, кои побарале лекарска помош откако се повредиле бегајќи во паника од земјотресот во Скопје, кој се почувствува по 15 часот. Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен Дом Скопје, рече дека луѓето главно сами доаѓале во ургентните центри и дека амбулантски се прегледани 78 луѓе, а од нив само тројца се со посериозни повреди.

    „Тројца од овие пациенти се оперативно третирани, бидејќи биле со фрактури на екстремитетите, кои ги добиле во паниката при симнување по скали, рече Баевска Вучковиќ.

    Во Градската општа болница 8-ми Септември биле примени 19 повредени граѓани, а директорот. проф.д-р Сашо Стојчев вели дека повеќето од повредените имале набиенци во делот на долните екстремитети, во раменскиот појас и дисторзии. Тој вели дека најголем дел од повредите на нозете биле на скочниот зглоб.

    „Главно повредите ги добиле бегајќи од домовите, сакајќи да се заштитат од евентуално уривање на зградите од земјотресот. Имавме и пациенти со рани на главата, бидејќи врз нив паднале предмети од домаќинството или се откачиле слики. Но овие повредени се многу малку, за разлика од овие што се повредиле бегајќи“, рече Стојчев.

    Во Болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски, помош побарале четириесетина пациенти, а на лекување се задржни тројца, меѓу кои и жена која паднала од терсата од први кат и ги зкршила нозете. Во Ургентниот центар на клиничкиот центар Мајка Тереза, попладнето медицинска помош побарале околу десет граѓани, кои биле со полесни повреди, како што се набиеници и исеченици. Од Ургентниот центар велат дека по укажаната помош се пуштени дома.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари