СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ ВРАЌААТ ЕВЕНТУАЛНО ИЗБРИШАНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО УБК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ГИ ВРАЌААТ ЕВЕНТУАЛНО ИЗБРИШАНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО УБК

    Можност за меѓународна помош и експертиза при истрагата за прислушуваните разговори беше предвидена во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе, објавен во јуни минатата година.

    „Ефективната истрага може да побара одземање на лог фајловите со податоци и сите достапни архиви со лог фајлови со податоци од УБК и телекомуникациските оператори и нивна споредба со издадените судски наредби. Онаму каде што е потребно, истражителите може да ја разгледаат можноста за меѓународна помош и експертиза, на пример, за враќање или проверка на автентичноста на избришаните лог фајлови со податоци“, стои во препораките во извештајот на Прибе.

    Шведската компанија „Ериксон“, која е производител на опремата за прислушување во УБК, во саботата потврди дека добила барање од Специјалното јавно обвинителство за техничка помош во истрагата за прислушувањето, но кажа дека компанијата не е сопственик, ниту оперира со опремата за прислушување. Од „Ериксон“ за САКАМДАЖАМ.МК изјавија дека нема да коментираат додека трае истрагата и упатуваат на СЈО за сите прашања во врска со случајот.

    Експертската комисија на Прибе беше формирана по објавувањето на скандалот со прислушување од страна на опозицијата во февруари минатата година со цел брзо да изработи анализа на ситуацијата и да даде препораки. Според препорачаното во извештајот, опремата за прислушување воопшто не ни смее да се наоѓа во УБК.

    „УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува отсликување на комуникацискиот сигнал. The ‘proprietary switches’ треба да бидат преместени во просториите на телекомуникациските оператори. Операторите треба да ги активираат и пренасочуваат сигналите до надлежните органи (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или до безбедносните органи (Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање и одделот за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантна судска наредба и само за целите на законското прислушкување. Под било кои околности УБК не треба да има практична можност за директно пресретнување на комуникациите“, се вели во препораките на експертската комисија.

    Во петокот, СЈО соопшти дека од УБК се одземени сите наредби за Посебни истражни мерки за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација и додаде дека останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваат во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите. Од СЈО, исто така, кажаа дека компјутерските податоци кои треба да се одземат ќе овозможат утврдување дали се вршени манипулации со системите или се бришени одредени податоци.

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим влегоа во УБК во средата со судска наредба за преземање на документацијата за сите решенија за посебни истражни мерки во периодот од 2008 до 2015 година и сите имиџи и снимени разговори во истиот период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира