СТРАВ МИ Е ДА КАЖАМ ДЕКА ВО НЕДЕЛА ЌЕ СТИГНАТ ПРВИТЕ РУСКИ ВАКЦИНИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    СТРАВ МИ Е ДА КАЖАМ ДЕКА ВО НЕДЕЛА ЌЕ СТИГНАТ ПРВИТЕ РУСКИ ВАКЦИНИ, РЕЧЕ ЗАЕВЗа остатокот до 100 илјади вакцини, колку што се нарачани од Русија, Заев рече дека се очекува да пристигнат следната недела. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев со страв најави дека првата пратка од 3.000 руски вакцини ќе пристигнат во земјава во недела.

    „Ја имам информацијата. Првите 3.000, ама како да кажам ако не стигнат… Во недела ги очекуваме 3-те илјади преку ДХЛ да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално да ги пушти тие во промет“, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Општина Карпош.

    За остатокот до 100 илјади вакцини, колку што се нарачани од Русија, тој рече дека се очекува да пристигнат следната недела.

    Премиерот потоа повтори дека имаме договор „Фајзер“ и до крајот на март ќе добиеме 21.000 доза од вакцините.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира