СТУДЕНИОТ БРАН ДОНЕСЕ ВЕТЕР СО 90 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, ВИКЕНДОВ ПОТОПЛО

    СТУДЕНИОТ БРАН ДОНЕСЕ ВЕТЕР СО 90 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, ВИКЕНДОВ ПОТОПЛОВетерот во Скопје ја крена прашината од многубројните градилишта и неизметени улици (Фото: К. Попов)

    Ветер со брзина од 90 километри на час што почна да дува попладнево, а ќе продолжи и утре, ќе ги намали температурите, велат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија (УХМР). Времето и натаму ќе биде сончево и суво, а за викендот се очекува зголемување на температурите.

    (Фото: К. Попов)

    Нема пријави за штети од ветерот.

    „Студениот бран што ја зафати земјата, проследен со силен ветер ќе ги намали температурите, особено утринските. Утре утринските температури ќе бидат од пет до 12, а дневните од 15 до 22 степени Целзиусови. В среда утринските температури ќе бидат од еден до осум степени, а дневните од 13 до 21. В четврток веќе ќе се смири времето, но утринските температури ќе бидат од 0 до 6, а дневните од 15 до 24 степени. В петок ќе биде сончево со умерена облачност, а утринските температури ќе се движат од еден до седум, дневните од 18 до 26 степени“, велат од УХМР.

    (Фото: К. Попов)

    Синоптичарите прогнозираат дека за време на викендот ќе биде сончево и топло, а в недела дневните температури ќе се движат од 19 до 26 степени.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира