СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ДОЛЖАТ 5 МИЛИОНИ ЕВРА

    СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ДОЛЖАТ 5 МИЛИОНИ ЕВРА„Анализата на проблемите со кои се соочуваат студенстките домови треба да содржи и предлози за нивно надминување“, велат од Министерството за образование. - Студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“

    Студентските и ученичките домови должат пет милиони евра, а на денешната средба меѓу министерката за образование и наука Рената Дескоска, директорот на Државниот студентски дом Дарио Николовски и претставници од студентските и ученичките домови, бил разгледан планот како да се намалат и санираат овие долгови.

    „Фокусот на средбата беше на финансирање на студентските и ученичките домови и на можните решенија за решавање на проблемите“, велат од МОН.

    Дескоска ги задолжи раководствата на студентските и ученичките домови да направат анализа и точно да ги лоцираат проблемите со кои се соочуваат, за да може да се преземат мерки за нивно решавање.

    „Оваа анализа треба да содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците. На средбата се разговараше и за подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, како и за претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард. Со овие измени треба да се подобри квалитетот на живот на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите“, велат од МОН.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира